Struktura na biznis plan
(Makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 15 | Nivo: menadžment
Содржина:
- Вовед
- Бизнис идеја и бизнис план
- Структра на бизнис план
Насловна страна
Резиме на бизнис планот
Опис на бизнисот
Маркетинг план
Менаџмент и организација
Производствен план
Финансиски план
План за раст и развој
Рамковна SWOT анализа
Додатоци (Прилози)
Заклучок
- Користена литература
Вовед
Во услови на пазарно ориентирана економија,
каква што е моментално во Република Македонија, многумина се решаваат да
започнат сопствен бизнис. Но постојат и многумина кои имаат добра бизнис идеја,
но сеуште не успеале да ја реализираат од многу причини, меѓу кои и нејзиниот
опис во лошо структуиран и нецелосен бизнис план или пак воопшто непознавање за
оваа алатка на претприемачот. Изборот на добра бизнис идеја и нејзина темелна
разработка во целосен бизнис план се добар предуслов за успешен бизнис, а и
многу поголеми можности за финансирање од страна на инвеститор или кредитирање
од банка. Само добра идеја без бизнис план и негова реализација не значи ништо.
Бизнис план му е потребен на секој кој се занимава или сака да се занимава со
бизнис. Без разлика дали се работи за производство или услуга, успехот на
бизнисот најмногу зависи од одлуките што ги донесува претприемачот. Секој
претприемач сака да ги претвори во реалност поставените цели и одлуките со што
помалку изненадувања и непријатности, а целта а бизнис планот е да му помогне
токму при остварувањето. Познато е дека во светот на развиениот бизнис најважна
е идејата, за чија реализација секогаш може да се изнајдат решенија. Меѓутоа,
ако нееднаква според важноста, тогаш сигурно помеѓу првите е искористувањето на
можностите што му се нудат на секој оној кој верува во себе, во оригиналноста
на идејата за профитабилен бизнис и кој е многу упорен.
Бизнис планот претставува документ кој го
дефинира бизнисот, односно бизнис идејата, а и начините како да се постигне
замисленото. Се она што е важно за бизнисот треба да го содржи бизнис планот,
односно структурата на работата, потенцијалните корисници, опис на производот
и/или услугата, потенцијалите за финансиите и развојот. Постојат многу причини
поради кои е потребно да се изработи бизнис план. Бизнис планот му помага на
претприемачот да го унапреди водењето на бизнисот при донесување на одлуките,
се зголемуваат шансите за успех, а и му помага на претприемачот да остане на
вистинската патека кон реализација на поставените цели. Со доброто структуирање
на бизнис планот поголеми се можностите за добивање на финансиска поддршка за
реализација на одредена бизнис идеја и нејзина полесна реализација.
Од тоа што ќе содржи бизнис планот, односно
каква ќе биде неговата структура многу зависи неговата успешност затоа во
продолжение ќе следи разработка на деловите кои би требало да ги содржи еден
бизнис план.
...
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!